Луксуз кој не може да се опише со зборови…

30 септември, 20140
15
И додека Европа се уште се соочува со последици од економската криза,
одредени милионери очигледно немаат никакви проблеми со тоа.

Така, еден среќник ќе ужива во луксузен апартман кој се протега на неверојатни пет катови.

Овој луксуз чини 250 милиони фунти, а прекрасната недвижнина има поглед кон целиот Медитеран…

Едноставно, не може, а човек да не си помисли за чувството при дочекувањето на новиот ден покрај овој поглед!

Луксузниот стан е сместен на врвот од облакодерот Тор Оден, кој кога следната година ќе биде завршен,

ќе биде втората највисока зграда на брегот на Медитеранот.

Покрај прекрасниот поглед, станот нуди и луксузен базен на врвот, како и еден базен на покривот,

теретана, прекрасна тераса, раскошна спална соба и бања со поглед,

а во зградата активно е и 24 часовното обезбедување и обезбедена е и бројна послуга,

се со цел богаташите да можат максимално да уживаат.

Во последните неколку години, Монако стана вистинско градилиште. Така, Принцот Рајнер ја одобрил градбата на високите облакодери, меѓутоа во 2009 година, неговиот син, Принцот Алберт ја ограничил градбата на споменатиот облакодер, кој што брои вкупно 70 луксузни станови, но од кои засега се продадени само 18.

Монако е една од омилените дестинации на славните и богатите, а со богатата историја и непосредната близина до Филмскиот Фестивал, не постои сомнеж дека и многу славни личности допрва ќе го бараат своето парче луксуз во овој рај, чиј што изглед можете да го погледнете од фотографиите и видеото во продолжение.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş