Мајкл Џексон имал син кој никогаш не го признал за свој!

popara7 март, 20141min00
sin-620x400

Џексон мајката на Брендон, госпел пејачка, ја запознал во 1982 година. Таа тогаш била позната под името Били. Една година по нивниот состанок, покојниот крал на поп музиката ја објавил песната ‘Billie Jean’.

Текстот на песната вели: „Били Џин не е моја љубовница. Таа е само девојка која тврди дека јас сум тој. Но малиот не е мој син”. Ако веруваме на овие стихови, Мајкл знаел за Брендон но не сакал да признае.

Мики дури го запознал и таткото на Мајкл, Џозеф Џексон. Наводниот син на легендарниот пејач сега ја започнува својата музичка кариера.

Адвокатот на Мајкл Џексон, Хауард Веитзмен рекол дека никогаш нема слушнато за Брендон. „Рокот за докажување дека е син на Мајкл одамна поминал”, рекол тој.

TMZ објавил дека според резултатите од ДНК анализата речиси 99 проценти веројатност е дека Брендон Хауард е син на Мајкл Џексон. Иако не е познато во која лабораторија е направена анализата, светските медиуми тврдат дека, наводно, примероците се совпаѓаат. Анализата била спроведена со помош на протезите на Мајкл кои биле купени на аукција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *