Мајли Сајрус заврши во болница!

popara16 април, 20141min00
miley

Мајли беше хоспитализирана поради, ( како што објаснија организаторите) „силна алергиска реакција на антибиотици”.

Пејачката мора да се одмора и нема да ги одржи предвидените концерти, поради што им се извини на фановите на Твитер.

– Толку многу сакав да бидам вечерва со вас.

Мајли моментално е на турнеја и би требало да одржи околу 60 концерти по северна Америка и Европа, од февруари до јуни. Паузата нема да трае долго, затоа што во среда навечер ќе настапува во Сент Луис во Мисури.

Еден месец порано го откажа концертот во Шарлот поради грип!