
Како што изјавува Душка Вучиниќ Лукиќ од РТС за „Блиц“ , српскиот јавен сервис ќе ги пренесува сите три вечери на ова музичко натпреварување, кои се на програмата вечерва, во четврток и во сабота
Пред околу 10 илјади луѓе и 180 милиони гледачи ширум светот, во салата “B&W”, 16 земји вечерва во 21 часот ќе се борат за влез во големото финале кое ќе се одржи во сабота на 10-ти мај.
Вечерва на сцената ќе настапат Ерменија, Латвија, Естонија, Шведска, Исланд, Албанија, Русија, Азербејџан, Украина, Белгија, Молдавија, Сан Марино, Португалија, Холандија, Црна Гора и Унгарија.