Најновите фотографии од сириски деца кои се обучуваат во воени кампови во Исламската држава ја стресоа светската јавност, особено западните медиуми.
Фотографиите се направени во училиште во градот Рака, кој се смета за престолнина на Исламската држава.
Децата, едвај постари од пет години, подучуваат основни борбени техники и вештини на преживување, како и користење на автоматски пушки. Теориската настава е исто така задолжителна, а се состои од предавања за екстремистичка идеологија на исламската држава.
Фотографиите од училиштето, кое се вика Al-Sharea се појавија на Твитер профилот на активист кој се занимава со критика на екстремниот ислам.
Целта на ова училиште е оспособување на нови генерации џихадисти, помлади од 16 години. Многумина ги споредуваат и со нацистите, кои во втората светска војна ја основале озлогласената „Хитлерова младина“.
Кога ќе наполнат 16 години, децата се праќаат на воена обука, во која спаѓа користењето на автоматско оружје, и подготовки за учество во први борбени редови, како и за потенцијални самоубиствени мисии.
Децата заслужуваат детство, а децата се најсветото нешто во секоја религија. Тажно е нивните најубави години да поминат во воени обуки и базично умствено сакатење. Во продолжение неколку фотогарфии од тажната реалност.
https://www.youtube.com/watch?v=iGxbFSX5YEw