Марија Магдалена била во тајна врска со Исус?

popara17 февруари, 201417min00
15

Марија Магдалена според Библијата била една од учениците на Исус. Православната црква ја смета за еднаква со апостолите, а за Католиците таа имала улога на водич во раната Црква во првиот век.

Некои ја поврзуваат со проститутката која Исус ја спасил од каменување, иако постојат теолози кои тврдат дека не се работи за истата особа.

Во едно од апокрифните Евангелија се вели дека Марија Магдалена ги надминала сите апостоли. Тој извор тврди дека Магдалена и Исус имале многу блиска врска и дека Спасителот ја сакал повеќе од останатите ученици и често ја бакнувал.

Но во евангелијата кои станале дел од Светото писмо за разлика од апокрифните никаде нема ни претпоставки дека Исус и Марија биле во љубовна врска.

Според евангелието по Јован таа се сретнала со Исус после воскресението кога и дал задача да им пренесе на апостолите дека тој сега е со својот татко на небото.

Според источното предание погребана е во Ефес, денешна Турција, а во 9 век посмртните останоци биле пренесени во Цариград.