Маска од павлака со неверојатен ефект! Пробајте!

popara4 декември, 20141min00
2

Павлаката е производ кој поседува уникатни својства, кои се должат на нејзиниот балансиран состав од лековити материи, масти и витамини (А, Е, Б1, Б2, и Ц). Таа се апсорбира лесно и речиси не остава мрсни траги.Маските од павлака се идеални за сите типови кожа.

За приготвување на маската ви е потребно една лажица павлака, една жолчка од јајце и една лажица алое. Алоето ќе го најдете речиси во сите наши апотеки, во поголема опаковка, но ќе го употребите за приготвување на многу други маски.  Нанесете неколку слоеви од маската на лицето, деколтето и вратот ( штом се исуши едниот слој, нанесете нов ). После 20-30 минути исплакнете го лицето најпрво со топла, а после тоа со ладна вода. Маската има неверојатен ефект, подмладува, ја освежува и храни кожата.

За освежување и храна на сувата кожа изберете павлака со висок процент на масленост, а за мрсна кожа – со најнизок.

Хидратантна маска

Потребни ви се 1 супена лажица павлака, 1 супена лажица овесно или оризово брашно и една жолчка. Мешајте додека смесата добро не се изедначи и нанесете ја на лицето и вратот во времетраење од 20-30 минути. Се плакне само со млака вода.

Хранлива маска

Измешајте добро 1 супена лажица павлака и 1 супена лажица сок од моркови или пире. Нанесете ја смесата на лицето и оставете да делува 30 минути. Маската го подобрува и тенот. Се мие со млака вода.

Маска за тонус

Измешајте 1 чаена лажица павлака, 1 чаена лажица пире од домати и една жолчка. Нанесете ја добиената смеса на лицето. Оставете маската да делува 20 минути после што се измива со млака вода.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma