Ако и вие сте љубители на самозадоволувањето овие неколку факти ќе ви покажат дека сте на добар пат. Дури може да се каже дека следниве факти се обидуваат да докажат дека маструбацијата е подобра од секс со партнер затоа што:
1. Секс играчки, без бламирање и вина
Во текот на мастурбацијата можете да користите какви и да сакате секс играчки, без можност некој да ве осудува за тоа.
2. Најлесно до задоволство
Кој од вас подобро знае што ви годи? Затоа мастурбацијата е најкраток пат до задоволство.
3. Целосна контрола над уживањето
И не само да знаете што вам најмногу ви годи, туку и колку ви годи. Понекогаш задоволството во текот на сексот не трае доволно долго, ова алтернатива на сексот може и тоа да го надомести.
4. Без грижа
Сексот со себе носи и размислувања за тоа дали партнерот има кондом и дали сте испиле пилула за контрацепција. Мастурбирањето ве ослободува од тоа.
5. Мислите само на себе
Во текот на сексот морате да мислите да го задоволите и партнерот, во текот на мастурбирањето таа потреба ја нема, на прво и единствено место се вашите потреби.
6. Без жалење
Понекогаш и само понекогаш по сексот се јавува каењето поради направеното. Мастурбацијата тоа не го носи со себе.
7. Депилирани или не, не е важно
На крајот, иако не е помалку важно, не мислете на изгледот на вашата интимна регија. Иако во некои работи го надминува сексот, мастурбацијата не смее да биде негова трајна замена.