Нивните љубовни афери се откриени кога за несреќа снемало струја во хотелот, па и двајцата полуголи излегле од своите соби. Еден од сведоците за локалниот весник Standard изјави дека во моментот кога тие двајца се виделе, почнале физички да се пресметуваат пред очите на сите гости.
„Видов како жената почна да вика, зграпчувајќи го својот сопруг, а потоа тој ѝ удри шлаканица. Нивните љубовници, кои се уште беа во собите, излегоа да видат што се случува. Набргу исчезнаа во темницата”- кажа сведокот.
Во извештајот на полицијата стои дека сопругот ја излажал својата жена дека треба да остане подолго на работа, а потоа организирал состанок со љубовницата.
Вработените во хотелот кој се наоѓа во градот Млолонго рекоа дека и двајцата биле чести гости во хотелот.
