„12 години ропство“ најдобар на БАФТА

popara17 февруари, 20141min00
bafta

Иако ремек делото „Gravity” на режисерот Алфонсо Куарон освои најмногу награди на синоќешното доделување на британските БАФТА награди, не успеа да ја освои наградата за најдобар филм која му припадна на „12 Years a Slave”.

Режисерот, Стив Меквин на „12 Years a Slave”, им се заблагодари на ѕвездите кои учествуваа во проектот, истакнувајќи ги Лупита Нуонго, Чиветел Еџиофор кој доби награда за најдобра главна машка улога и Мајкл Фасбендер.

Наградата за најдобра главна женска улога, отиде во рацете на Кејт Бланшет за улогата во филмот на Вуди Ален „Blue Jasmine”.

„Gravity” пак освои најмногу награди, од кои Алфонсо Куарон ја освои наградата за најдобар режисер, а филмот меѓудругото освои награди и за музика, специјални ефекти и звук.

Наградата за најдобра споредна машка улога отиде кај Баркад Абди за улогата во филмот „Captain Phillips”, додека пак наградата за споредна женска улога ја доби Џенифер Лоренс за изведбата во„American Hustle”.