
Овој човек деновиве е сензација во медиумите, откако беше објавена неговата приказна за тоа како од човек без покрив над глава, преку ноќ станал милионер.
Ласло ја освои најголемата добивка на унгарската лотарија досега, освојувајќи над 2 милиони евра и тоа со ливче кое го уплатил со последните пари што ги имал. Тој ливчето го купил на железничка станица додека одел кон Будимпешта на состанок за алкохоличари.
„Одбрав само шест бројки и продавачката ме потсети дека треба да одберам и седми. И реков да го заокружи 24, бидејќи и онака не е важно” – објаснува Ласло.
Тој со парите прво ги отплатил долговите на семејството и на своите три деца им купил автомобили.
„Станав богат, но тоа не значи дека сум се променил како личност” – вели Ласло кој планира добар дел од парите да ги потроши на основање фондација која ќе им помогне на зависниците и жените жртви на домашно насилство, пренесува Metro.
Андрашчек добил на лото во септември, но досега бил анонимен. Неговиот идентитет бил откриен откако дал огромна донација во дом за бездомници.
