Ние сме во пресрет на летото, што значи дека деновите се се подолги, а вашето здолниште е се покусо!
За добрите нозе не постои сезона, но во убавите денови нивната цена расте. Екстра мините здолништата, шорцевите и фустаните со големина на марама не”напаѓаат” од сите ревии, истовремено разубавувајќи го животот на момците околу нас. Новите трендови се предизвик – но не за кукавиците – а секси нозете повторно се во прв план.
Експонирањето на сопствените нозе нема да ви биде проблем доколку имате мека и тонирана кожа, без ниту едно влакненце, а со ефектот од километар долги нозе. Без многу време и потрошени пари, направете го тоа со леснотија!
Омекнете ја кожата
Пилинг . За мазна кожа потребно е редовна ексфолијација. Употребувајте нежни средства за пилинг кои , ако е можно, треба да содржат навлажнувачки масла за да се спречи сушењето и перутањето на кожата. Сјај. За да им дадете на вашите нозе фантастичен сјај, средства за пилинг нежно тријте го во кружни движења . Дополнително време посветете на деловите околу колената и глуждовите .
Црвенило и флеки
Ослободете се од црвенилото и флеките со помош на лосион врз основа на салицилна киселина која го суши воспалението, како со екстракти кои ја смируваат кожата. Затегнување. Редовно мачкајте го нозете со навлажнувачки креми кои, исто така, ја хранат, и затегаат кожата.
Отстранување на влакната
Изберете го вистинскиот жилет. Најдобрите резултати во бричењето, се разбира , даваат жилети со три или четири сечила. Зошто? Затоа што со еден потег се ослободувате од несаканите влакна – а ова ќе ви помогне да се избегне било каква иритација и сува кожа.
Опкружете се со пареа
Многумина од нас се фаќате за бричење кога ќе влезат под туш. “Тоа е подобро да го направи на крајот “, велат дерматолозите . ” Пареата ќе ви ја омекне кожата и влакната, а нивно отстранување ќе биде многу полесно . ” Кога станува збор за технологија , експертите укажуваат да ја затегнете кожата и да повлечете со жилетот во насока спротивна од растот на влакната. Чувствителните делови како што се бикини зоната, бричете ги дел по дел.
Изберете ги вистинските работи
Кремите за депилација кои содржат состојки како што се силикон или различни видови на масло можат да помогнат да се спречи појавата на црвенило и иритацијата, со омекнувањето на влакната и му помагаат на бричот да се ” клизи” преку кожата. Затоа, пред да купите крема за депилација, проверете ги состојките кои се во неа.
Депилирајте се со помалку болка
Ако имате трпение, време и ” сте отпорни ” на болка , применувајте депилација со восок. “За разлика од бричењето , влакното се извлекува од коренот овозможувајќи ви да бидете мирни неколку недели. ” (Забелешка: Повлекување на целата лента може да биде еднакво на тортура. Обидете се на мали области, подеднакво ефикасно , а го намалува интензитетот на болката. . .)
Справете се со враснатите влакна
И покрај сите ваши напори би можело да дојде до увртување на влакната. Никако не треба пробате да ги “ископате” . Третирајте ги со гликол или салицилна киселина нанесени на памук . Ова ќе го омекне горниот слој за да се отворат фоликулите, кое ќе им овозможи на влакната да излезат.
Скријте го она што е за криење
Надмудрете го целулитот. Не постои магичен лек за целулитот, но дерматолозите се согласуваат дека лосионите врз основа на кафе, чај и Гуарана, можат да ја подобрат циркулацијата и привремено да ја намалат надуеноста. Друга идеја: земете четка од природни влакна и масирајте се нагоре надолу. Ова ќе ја стимулира лимфната дренажа и со тоа ќе ги намали отоците предизвикани од акумулацијата на течност . Воздржувајте се и од прекумерна употреба на сол.
Отстранете ги модринките
Ако сте се удриле на работ на масата , ставете мраз за да се спречи отокот и можеби модринките. Ако модринката, сепак , се појави замаскирајте ја со светлуцав течен хидратантен крем и пудра.
Скријте ги и другите недостатоци
Стриите, лузните, вените, итн , прекријте ги со интензивен коректор или специјализирана крема за ваков тип на проблем.