
Во прифатилиштето за животни во Џорџија се наоѓаат мечката Балу, лавот Лео и тигарот Шер Кан кои се најдобри пријатели последниве 13 години. Заедно го делат просторот во кој живеат, а како мали биле спасени од дилер на дрога кој ги чувал како домашни миленици.
Во времето кога живееле кај дилерот овие неразделни пријатели создале мошне силна емотивна врска помеѓу себе.
Од нив учиме што е вистинско пријателство. Точно е дека не припаѓаат на ист род, не се од иста земја, но затоа многу се сакаат. Од нив учиме што е тоа љубов – велат луѓето од прифатилиштето.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Mth49PbTbrY#t=43