
Иако сè уште нема официјални информации од нејзиниот менаџерски тим, 27-годишната актерка која е во брак со Брајан Остин Грин, се породила во четвртокот наутро. На парот кој е познат по успешното криење на нивните приватни информации, ова им е второ дете.
Тие се родители на 15-месечниот Ноа, како и на 11-годишниот Касиус кој следниот месец ќе наполни 12 години, а тој е дете од претходниот брак на Брајан со актерката Венеса Марсил.
Пред само неколку месеци актерката даде интервју за магазинот „People”, во кое изјави дека нетрпеливо го очекува пристигнувањето на бебето и дека смета дека Ноа ќе биде одличен во улогата на постар брат.
По закрепнувањето од породувањето, актерката овој месец треба да го претстави нејзиниот нов парфем, а во август годинава, ќе се случи и премиерата на нејзиниот најнов филм „Teenage Mutant Ninja Turtles”.
