Оваа година Мекларен Аутомотив ќе го претстави најновиот модел од MP4-12C линијата, моделот 650S – Sprint, наменет исклучиво за возење на тркачка стаза. Настанал по основата на спортскиот модел 650Ѕ, Sprint е тркачка еволуција која поседува унапредена аеродинамика и таканаречен Brake Steer систем, како и посебни подесувања за Меклареновиот PCC (ProActive Chassis Control).
Станува збор за 3.8 литарски твин турбо М838Т агрегат, додатно прилагоден за употреба и во ектремни услови какви што владеат на тркачката стаза. Најголемите измени се во ентериерот, каде е “соголен” за да се заштеди максимално на вкупната маса.
Исто така, внатре се наоѓа сигурносен кафез според правилата на FIA, тркачкото седиште е од јаглеродни влакна со HANS систем на заштита, сигурносен појас со 6 врзувања, но во исто време содржи и клима уред кон цел за што поголем комфорт.
Цената на овој модел изнесува 198.000 фунти, односно 250.000 евра.