Mercedes – Benz го претстави својот X6

popara12 декември, 20142min00
7
Ова знаевме дека ќе дојде уште од првите месеци кога беше лансиран BMW X6. Рецептот на Mercedes – Benz е ист – платформата е од ML (ќе му се смени името во GLE), а каросеријата е изменета во задниот дел, како би се доловил купе изгледот…

Од првите фотографии можеме веднаш директно да ги споредиме дизајните на двата модели и… И многу се слични. Да, и двата модели ги имаат заштитните предни маски и малку различен заден дел, но во глобала, целосната естетика на GLE неодоливо потсетува на Х6, небаре дизајнерите од Штутгарт го обликувале моделот на макета направена врз Х6-кат. И димензиите се скоро исти кај двата модели, односно 4.900х2.003х1.731 mm ДхШхВ кај GLE Coupe (4.909х1.989х1.702 mm кај Х6) и меѓуоскино растојание од 2.915 mm (2.933 mm кај X6). Како и да е, и двата дизајни никогаш нема да освојат награди и генерално се негативно критикувани, но, им се допаѓаат на луѓето со подлабок џеб, бидејќи се различни и несекојдневни. Што во превод секако значи профит за производителот.


Но, доста за изгледот, време е за техника. Иако платформата е преземена од поголемиот ML (GLE, пардон), моторите се генерално нови. Прв во очи паѓа новиот 6 цилиндарски V бензинец со зафатнина од 3.0 литри и две турбини, кој развива 362 КС и ќе биде наменет за GLE450 AMG Coupe верзијата. Истиот ќе биде достапен и во поблага варијанта, со 328 КС, кај GLE400 Coupe моделот, додека честа на дизелот ќе ја чува добро познатиот 3.0 V6 турбо агрегат со 254 КС. Тажни зошто нема целосна AMG варијанта со V8 мотор? Немојте, се планира GLE63 AMG верзија до 5.5 литарски твин турбо агрегат со повеќе од 520 КС.

Сите мотори ќе бидат опремени со нов автоматски 9G-Tronic менувач со 9 брзини (да, 9), кој треба да ги подобри перформансите и намали потрошувачката. Кај сите модели, погонот ќе биде на сите четири тркала, со распределба од 50:50, но и со можност за автоматска промена на соодносот, додека уште во серија, GLE Coupe ќе биде опремен со 20 инчни тркала, односно 22 инчни кај најсилниот GLE450 AMG Coupe модел.

За да ги задоволи најпребирливите, односно оние кои сакаат и удобно и спортско возење, Mercedes – Benz во опција ја нуди и Airmatic суспензијата, која, како што кажува името, ги апсорбира нерамнините со помош на компресиран воздух и која дозволува возачот да ја избере тврдоста. Во превод, ќе бидат достапни 5 различни модови: Individual, Comfort, Slippery, Sport and Sport+, кои, покрај суспензијата, ќе ја контролираат и работата на моторот, одговор на педалата за гас, воланот итн. Во внатрешноста, GLE Coupe ќе биде опремен со COMAND системот за управување со сите параметри на возилото, кој е директно преземен од S Class.

Цените за новото мамутско купе на Mercedes – Benz не се уште достапни, но според податоците кои сега ги имаме, ќе бидат за околу 10.000 евра повисоки во однос на ML.
 

 

 

 

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag