
Гамата на Mercedes S класа продолжува со растење, бидејќи во Детроит е претставен новиот модел Ѕ600. Дизајниран да го претставува врвот на автомобилските достигнувања до сега, Ѕ600 ќе постои само во форма на модел со продолжено меѓуосовинско растојание, опремено со ЛЕД систем за интелигентно осветлување, технологијата Magic Body Control и пакетот Driving Assistance Plus со лепеза на безбедносни системи. За силата е задолжен 6.0 литарскиот V12 агрегат со 2 турбо полначи кои развиваат 530 коњски сили. Старт/стоп системот ќе овозможи потрошувачката да биде на 11.1 литри на 100 километри. Останатите перформанси како забрзувањето од 0-100 км и крајната брзина сеуште не се објавени.Ѕ600 ќе биде во продажба од март месец, а цената ќе биде објавена пред почетокот на продажбата.