Мислела дека сопругот сеуште е во Авганистан, а потоа следувало изненадување…

popara23 јули, 20141min00
Мислела дека сопругот сеуште е во Авганистан, а потоа следувало изненадување…

После 6 месеци поминати во Авганистан, капетанот Хирум Бронсон одлучил да приреди несекојдневно изненадување за своето семејство, кои мислеле дека тој ќе се врати за три седмици.
Бертани заедно со своите 4 деца во вторникот била на плажа, и еден од пријателите и предложил да снимат видео порака за нејзиниот сопруг.
Што би му рекле на вашиот татко ако сега би бил тука? – запрашал пријателот.
Јас би му рекла дека го сакам и ми недостасува – одговорило девојчето на што се надоврзала нејзината мајка и му порачала дека го сака, дека и недостасува и дека сака да го види, и токму во тој момент Хирум излегува од под вода.
Госпоѓо Бронсон, вашиот маж се јавува на должност – изјавил салутирајќи.

httpv://www.youtube.com/watch?v=QNJx7Vi4Sg4