
Вистината за овие неразјаснети мистерии се крие меѓу рационалното објаснување и мрачните мисли на човечката фантазија.
Ова е листата што Huffington Post ја направи за најголемите неразјаснети настани.
1. Гробови во кафез
Многумина сметаат дека овие два гроба во Пенсилванија се оградени со еден вид на кафез заради заштита од нивно ограбување. Во минатото, гробовите биле сквернавени најчесто за медицински цели или биле ограбувани.
Но, прашањето што се поставува е зошто овие гробови што се наоѓаат на планинско место во кои се закопани жени од исто семејство би биле цел на кражби? Зошто била потребна заштитата од овој вид?
Тамошните жители веруваат дека го добиле овој чуден вечен покрив затоа што биле вампири.
2. Сестрите Фокс
Во далечната 1848 година, овие сестри тинејџерки тврделе дека можат да комуницираат со духот на човекот закопан под нивната куќа во Хајдсвил, Њујорк. Духот им давал знаци со звуци, а девојките станале познати спиритуални медиуми.
Подоцна, тие признале дека цело време ги лажеле луѓето. Но, нивното признание никогаш во целост не било прифатено бидејќи по нивната смрт зад ѕидот во подрумот навистина биле пронајдени остатоци од човек.
3. Теотихуакан
Во близина на Мексико Сити се наоѓаат остатоци од град во кој собирало 200.000 луѓе во период кога Лондон сè уште бил само римска тврдина.
Трите пирамиди што се наоѓаат во релативно слични позиции како оние во Газа се издигаат над заплетканата мрежа на базени.
Гледано од воздух, дизајнот потсетува на компјутерска плоча со пирамидите таму каде што треба да се наоѓаат микропроцесорите. Подземните тунели наликуваат на електричен изолатор и делумно ги поврзуваат двете пирамиди.
Според археолозите, целиот комплекс бил направен од алатки од камен. Ацтеките не знаеле кој живеел овде претходно, но верувале во надприродните сили на градбите и токму затоа градот го нарекле Теотихуакан (Град на боговите).
4. Коралниот замок
Во 1923 година, Едвард Лидскалнин почнал да гради камена структура на својот имот во Флорида. Тоја работел сам дури и навечер, распоредувајќи ги камењата тешки и до 14 тони. Соседите никогаш не виделе каква опрема користел, ниту пак други работници во неговиот двор.
Кога го прашале како ги преместувал тешките камења, Лидскалнин тврдел дека ги открил тајните на древните пирамиди.
5. Амброуз Бирс
Писателот и воен херој Амброуз Бирс најверојатно е повеќе познат по мистериозното исчезнување отколку по своите авторски дела.
Во 1913 година напишал дека патувал во Мексико „Со многу јасна цел, која во во моментот не е можно да се оствари” и исчезнал од лицето на земјата.
Логичното објаснување гласи дека избегал пред војската во Мексиканската револуција. Но, и пред патувањето, Бирс се бавел со истражување на исчезнати луѓе. Тој имал хипотеза дека луѓето исчезнувале во дупки што се наоѓаат меѓу димензиите од кои излегувањето било незвозможно и дека се заробени меѓу животот и смртта.
6. Изгубените пронајдоци на Никола Тесла
Тесла бил еден од најуспешните пронаоѓачи кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Ласерот, електронскиот микроскоп, далечинското управување, радиото и генераторот за наизменична струја потекнуваат од неговите истражувања.
Но, многу негови пронајдоци се вистинска мистерија за човештвото, како на пример, малата кутија што осцилира и која наводно срушила цела зграда или електричниот генератор на кој не му е потребно гориво, туку црпи енергија од космичкото зрачење.
Кулата што Тесла ја иградил на Лонг Ајленд требало да биде првиот чекор кон емитување на бесплатна струја по бежичен пат низ светот. Зошто тогаш инвеститорите ги повлекле средствата, а американската влада го уништила објектот, прогласувајќи го за ризичен по безбедноста и конфискувајќи ги сите документи по смртта на Тесла?
7. Петроглифите во кањонот Сего
Овие уметнички дела се врежани на карпите во кањонот Сего. Некои се постари повеќе 1000 години, а наводно ги прикажуват религиозните визии на древните Индијанци.
Антрополозите ги објаснуваат фигурите без раце со зголемени очи, антени и глави што потсетуваат на кациги како прикази на луѓето од тоа време во облека на шамани.
Но, според многумина, цртежите претставуваат најрани прикази на вонземјаните, а покрај тоа многу потсетуваат на пештерските слики истовремено создадени во Сахара и Австралија.





