Мистерија: Се отвори огромна дупка “на крајот на светот“

popara17 јули, 20141min00
Мистерија: Се отвори огромна дупка “на крајот на светот“
На полуостровот Џамал одеднаш се појавила 79 метри широка дупка. Руските научници веднаш започнале итна експедиција за да што поскоро откријат од кои причини настанала.

Руските научници организирале итна експедиција и денес би требало да пристигнат во Сибир и да ја истражат мистериозната дупка која одеднаш “се појавила” во тој дел од земјата.

На полуостровот Џамал, се отворила 79 метри широка дупка. Причината за овој необичен феномен во Џамал, што во превод значи “крај на светот”, уште не се знае.

Теории на заговор: НЛО, метеорит, глобално затоплување – Веќе се појавија теории на заговор според кои причината за настанувањето на оваа дупка е НЛО. Сепак, многу поверојатно е дека причината е глобалното затоплување поради кое гасовите се “пробиле” на површината и предизвикале експлозија. Некои научници сметаат дека причината би можела да биде и солта, сонцето и водата околу кратерот па ги анализираат. На ова подрачје пред 10.000 години имало море. Денес Џамал е подрачје на кое Русија произведува гас со кој ја снабдува Европа.

httpv://www.youtube.com/watch?v=zCvE3THgtuM

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *