
Премиерот на Малезија соопштил на конференцијата за медиумите дека последната локација на малезискиот авион е на крајниот јужен дел на Индискиот океан и дека со жалење мора да заклучи дека авионот паднал во вода како и тоа дека сите патници се мртви.
Малезија ерлајнс со жалење соопштува дека мора да заклучиме дека без никаков сомнеж авионот е изгубен и дека никој од патниците не преживеал. Премиерот ќе се обрати пред јавноста но мора да се соочиме со тоа дека авионот е изгубен – се вели во пораката испратена до семејствата на загинатите.
Конференцијата била закажана само неколку часа откако австралиските власти ја објавија информацијата дека се лоцирани два објекти – еден правоаголен и еден кружен.
Погледнете го видеото:
httpv://www.youtube.com/watch?v=dJaXb4s3yxc&noredirect=1