Мистериозни пирамиди пронајдени на дното на Бермудскиот тријаголник

popara20 ноември, 20141min00
Мистериозни пирамиди пронајдени на дното на Бермудскиот тријаголник
Бермудскиот триаголник е се’ уште “мистериозна” зона во Атлантскиот океан која се протега помеѓу Мајами – Берамудите – Порторико.

Не се знае дали навистина нешто таму постои или се’ се случува како резултат на човечка грешка. Се проценува дека регионот околу Бермудскиот триаголник “проголтал” повеќе од 140 бродови и авиони со повеќе од 1.000 луѓе кои никогаш не биле пронајдени.

Постојат голем број неразрешени несреќи и многу теории за нивните причини. Едно можно решение е дека се предизвикани од невреме, урагани, кои често се појавуваат над областа. Другото, е дека има пореметување на самата земјина магнетосфера. Некои пак мислат дека е човечка грешка, но сепак, мистеријата за бермудскиот триаголник станува се’ поголема и по нејасна.

Првите записи се споменуваат уште во времето на Кристофер Колумбо. Славниот морепловец при враќањето, заглавил во еден од гребените. Неколку недели подоцна, Колумбо воочил дека компасот не му покажува точна насока, но за тоа не говорел пред екипажот за да не ги исплаши. Сепак, се споменуваат високи бранови кои го отфрлиле бродот од курсот, а кои се појавиле иако немало ветер. Забележано е и тоа дека Колумбо видел некаква мистериозна светлина.

Џиновски подводни пирамиди

Поддржувачите на теоријата за подводните пирамиди пак велат дека одредени истражувања дошле до информација дека во центарот на Бермудскиот триаголник се пронајдени две џиновски пирамиди кои се направени од стакло, но наводно американската војска го стопирала понатамошното истражување. Поточно, на длабочина од 2.000 метра се наоѓаат чудни градби кои потоа биле идентификувани со помош на сонар под водство на океанографот, доктор Мајер Ферлаг.

Случајот го преземале воените структури, а сите податоци се блокирани, така што понатамошните истражувања и испитувања останале како строга воена тајна.

Овој стручњак верува дека откритието на тајните пирамиди би можело да ги расветли случаевите за мистериозно исчезнатите бродови и авиони кои се поврзуваат токму со Бермудскиот триаголник. Се’ уште не е познато како се направени овие пирамиди, и тоа наводно на дури два километра под површината на водата. Но, за сега ни испитувањата не можат да се извршат бидејќи недостасуваат машини за истражување на толкава длабочина, а процесот го кочи и самиот факт дека модерната технологија не може да ги препознае и анализира ваквите градби.

Штом била откриена оваа мистерија, новинарите стигнале до голем број на фотографии и компјутерски податоци со висока резолуција кои ги покажуваат тридимензионалните пирамиди како совршено мазни тела, без било какви алги или пукнатини. Широчината е некаде околу 300 метра, а височината околу 200, така што ако ова е вистина, овие дела би биле поголеми од Кеопсовата пирамида за дури три пати.

Според ова испитување, на самиот врв на овие градби се наоѓаат две огромни дупки, а низ една од нив водата минува со голема брзина и така формира моќен подводен бран, кој и понатаму предизвикува голем вртлог.

Поради него на самата површина на водата се формираат бранови кои буквално се’ повлекуваат кон дното. Токму поради тоа, истражувачите го сметаат Бермудскиот триаголник за главна причина за бродоломи и мистериозни исчезнувања на се’ што минува преку него.

 

Изгубената Атлантида под Бермудскиот триаголник

Поддржувачите пак на оваа теорија сметаат дека изгубениот град Атлантида се наоѓа токму во средиштето на Бермудскиот триаголник, а според нив, таму останала и некоја технологија која е виновна за исчезнувањата.

Овие истражувачи велат дека се работи за силни кристали, кои некогаш се користеле за напојување на градот.

Падната комета

Една од теориите пак наведува дека пред 11.000 години, на ова подрачје паднала комета, која поседувала необични електромагнетни својства кои од тогаш па наваму ги попречуваат компасите и навигацијата.

Вонземјани киднапираат луѓе

Книгата на М.К. Јесуп “Случајот за НЛО” од 1995-тата година била првата книга која Триаголникот воопшто го поврзала со вонземјани затоа што никогаш не се откриени тела, ниту остатоци од бродови и авиони. Голем број од исчезнувањата потоа биле поврзувани со чудни случувања. Некои теории наведуваат дека на дното од океанот можеби има вселенски брод кој влијае на нашата технологија, а друга пак вели дека Бермудскиот триаголник е “портал за друга димензија”. Според тоа, одредени авиони или бродови кои ќе се најдат на погрешно место и во погрешно време се киднапирани и префрлани низ времето и просторот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma