Новиот Mercedes-Maybach S600

20 ноември, 20140
Новиот Mercedes-Maybach S600
Неполни две години по заминувањето од автомобилската сцена, брендот Maybach повторно е во центарот на вниманието, со оглед на тоа дека најлуксузната лимузина во понудата на Mercedes го носи токму ова престижно име.

Паралелно со Саемот за автомобили во Лос Анџелес, во Кина започна и авто-саемот во градот Гуангзоу, а на кој компанијата Daimler истовремено го претстави својот најнов и воедно најлуксузен автомобил во моменталната понуда – Mercedes-Maybach S600.

Како што најавуваме, ова е и прво официјално појавување на брендот Maybach, кој сега се води токму како подбренд на Mercedes, нешто слично како што е и AMG, откако згасна кон почетокот на 2013-тата година после слабите продажни резултати на суперлуксузните модели “57” и “62”.

Mercedes-Maybach S600 е за 200 милиметра подолга во однос на веќе продолжената верзија на “обичната” S-Class (која има речиси 5.5 метра вкупна должина), што може да наговести дека во ентериерот се нуди повеќе простор отколку кај неговиот претходник, моделот “57”. Секако, самата внатрешност е на едно посебно ниво што се однесува до луксузноста, употребените материјали за изработка и завршната обработка.

Доволно е само да се спомене висококвалитетниот 3D аудио систем кој поседува дури 24 звучника, со вкупна излезна моќност од 1540 W, како и двата големи мултимедијални LCD дисплеи кои се наменети за патниците на задната клупа, а кои се наоѓаат на задниот дел на предните седишта.

Под хаубата на оваа верзија се крие 6.0-литарски V12 biturbo мотор кој ослободува 530 КС и има 830 Nm максимален вртлив момент. Покрај S600, во продажба наскоро ќе се најде и нешто послаба, S500 4MATIC верзија, со V8 biturbo агрегат со волумен од 4.7-литра кој ослободува 455 КС и има 700 Nm врлив момент.

Она што е исто така интересно да се напомене, а на што Mercedes е особено горд е резултатот од се’ на се’ 0.26 кога се работи за коефициентот на отпор на воздухот, што е одличен резултат за вака голем автомобил, а исто така овој модел може да се пофали и со титулата најтивка сериска лимузина на светот со позиција на патниците на задните седишта.

Официјално, цената на оваа верзија се’ уште не е соопштена, но се очекува дека S600 ќе чини околу 200.000 евра во Германија, кога во текот на месец февруари во 2015-тата година ќе стигне во продажните салони, додека поевтината, S500 верзија се очекува од месец јуни, исто така идната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi