Многу опасно за 24 часа успеал да симне 10 кг!

popara11 февруари, 20141min00

Едџли реши да покаже дека за 24 часа може да се симнат до 10 килограми, но неговата мисија е да докаже дека исхраната и самодовербата не треба да бидат разнишани од бројките што ги покажува вагата.

opasen-eksperiment-izgubil-10-kilogrami-za-24-chasa-159133

На својот блог на Huffington Post тој напиша дека многу луѓе им робуваат на вагите и објасни дека со експериментот сака да покаже дека врз тежината влијаат многу фактори, а не само масните наслаги.

Во текот на 24-часовниот експеримент тој се одрекол од јаглехидрати, соли и течности, а денот го поминал вежбајќи во одело за потење, во сауна и во посебни солни купки кои дополнително извлекуваат течности од телото.

„50 проценти од нашето тело е вода. Затоа во теорија од моите 95 килограми, 47,5 килограми отпаѓаат на вода. Но, водата е пресудна за нормално функционирање на виталните органи, па затоа недоволното внесување на течности може да биде смртоносно” – објаснува Едџли за експериментот.

Тој користел многу природни диуретици како што е витаминот Ц, кофеинот и слично, за да го поттикне телото да губи течност. Истиот ден испил само 100 милилитри вода, а бил во тоалет повеќе од 20 пати.

Сепак, вели дека ова не е здрава, ниту препорачлива диета, туку само експеримент, а нагласува дека сите треба да бидат многу претпазливи со користењето на диуретикот.

Додал дека во 24 часа изгубил 10 килограми, но тоа не било сало, туку само течност што ја вратил 10 часа по крајот на тренингот.

На крајот, Едџли објаснува дека оваа диета ја користат боксерите или џокеите кои сакаат да изгубат тежина пред важна борба или пред некоја трка.