
На морбидноста и нема крај! Социјалните мрежи откако се појавија, служат за самопромоција, луѓето објавуваат свои фотографии, ги информираат своите пријатели за среќните мигови во животот – раѓање на бебе, дипломирање, одмор и слично…но некој да објави фотографија од својата мртва мајка на Фејсбук и така да се опрости со неа, ги преминува сите граници…
Зоран Јаниќ од Беране објавил на својот Фејсбук профил слика од својата мртва мајка и и посветил потресни зборови, а неговите пријатели ништо чудно не виделе во тоа, па стискале лајкови и изразувале онлајн сочувство.
