
Ако ви е преку глава од градските гужви, барањето место за паркинг и делата како зонското паркирање, цените на бензинот, а работите предалеку за на работа да би оделе со велосипед, унгарската компанија Antro Group го има решениетоза вас.
Скутерот Moveo е практичен мал електричен скутер на расклопување кој може да си го носите како куфер. Скутерот тежи 25 килограми, а со едно полнење на батеријата може да помине 35 километри и развива максимална брзина од 45 км/ч. За целосно полнење на батеријата му е потребен еден час.
Но, тоа што е посебно интересно кај ова скутерче е можноста да се склопи, па не мора да се грижите за паркирање, бидејќи може да си го понесете со вас и да го паркиратево плакар. Покрај тоа, за негов транспорт може да користите лифт, јавен превоз, а може да се носи и како багаж во воз и автобус. Покрај сето ова, дизајниран е да изгледа убаво на улица, но и да биде убавен, па има кожно седиште со потпирач.
Цената на скутерот ќе изнесува околу 2.500 евра.
httpv://www.youtube.com/watch?v=XF5IgfRs18I
