Му останале уште 6 месеци живот и еве како ги искористил!

popara27 февруари, 201417min00
3

Крис и Кели се заедно уште од тинејџерските денови, а во 2012 година почнале да живеат заедно. Три месеци подоцна на Крис му дијагностицирале рак на црниот дроб и белите дробови и му рекле дека му остануваат уште 6 месеци живот. Крис не сакал да го губи времето.

Решил да ја запроси девојката. Набрзо после свадбата ја однесол Кери и нејзините 4 деца во Дизниленд каде лудо се забавувале.

Планиравме еден ден да го посетиме Дизниленд но кога Крис дозна дека е болен, веднаш резервираше се – изјавила Кери и се пофалила дека Крис и купил дизајнирана чанта и чевли какви што од секогаш сакала, а за роденден сакал да ја однесе во Лас Вегас.

Кога би можела мојата љубов да го спаси, тој би живеел вечно. Толку многу вложивме, во толку малку време што ни остана – изјавила 29 годишната Кери.

Крис кој сакал да ја усреќи својата жена, умрел минатиот месец на нејзините раце.

Болеста го натера да живее во моментот, а и мене ме научи да го сватам истото. Беше толку позитивен и никогаш не зборуваше за смртта, само сакаше мене и децата да не гледа среќни – раскажува Кери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *