
Страв и ужас во Кина. На 6 годишниот Ванг Јуфану неговата стрина му ги отсекла ушите и брадичката, а настанот се одиграл во провинцијата Хубеи. Ужасното злосторство се случило после семејна расправија.
35 годишната жена го извадила од куќата синот на братот на нејзиниот маж и во една од соседните улички го извршила ужасното злосторство. Соседите слушнале силен плач и повикале полиција.
На местото на настанот го нашле детето во локва крв со исечени уши и брадичка.
Момчето веднаш било префрлено во болница каде успеале да му го сошијат десното уво и да ги санираат останатите повреди. Неговата стрина е уапсена.
httpv://www.youtube.com/watch?v=zdPtbjb2FpA