Најатрактивната девојка за 2014-та година…

popara27 мај, 20141min00
12

Ангелот на Викторија – Кендис Свеинпол е прогласена за најсексапилна девојка за 2014-та според изборот на списанието Maxim.


Познатото списание објавува 100 најсексапилни познати девојки, а овој пат Кендис седна на престолот, оставајќи ги зад себе Бијонсе, Селена Гомез, Мила Кунис, Ријана и голем број други популарни убавици.

“Голема чест е да се биде број 1 во Maxim покрај сите тие прекрасни, талентирани жени. Чувството е одлично”, изјавила Кендис, пренесува Daily Mail.

На второто место се најде Скарлет Јохансон, а помеѓу првите пет се пејачката Кети Пери, моделот Ирина Шеик и актерката Џенифер Лоренс.

Минатогодишната победничка на оваа титула Мајли Сајрус оваа година се најде дури на 25-то место.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *