Најдобра храна за хидратација на телото

popara4 август, 20141min00
tikvi;ki

Ако сте загрижени за вашата дневна доза на вода и соодветната хидратација на телото, затоа што некои од нас едноставно не можат да ја достигнат целта и да ја испијат препорачаната количина од осум чаши вода, ние ви претставуваме намирници кои ќе ви помогнат да внесувате доволно вода во телото.


Тиквички
Чаша од 250мл варени тиквички содржи 211мл вода, а покрај тоа ќе добиете бонус од влакната со кои тиквичките се многу богати.


Јаболка
Ова овошје е одличен извор на антиоксиданси, влакна и кверцетин, а едно јаболко со средна големина содржи 191мл вода.


Ананас
Чаша сецкан конзервиран ананас содржи 223мл вода, додека свежиот содржи 142мл. Ананасот е нискокалоричен и со една чаша ќе внесете само 80 калории.


Овес
За житарките никогаш не би помислиле дека се добри за хидратација на организмот, сепак, една чаша овессодржи 197мл вода, а помага при намалување на холестеролот.


Тиква
Покрај тоа што е богата со бета-каротен и витамин Б6, тиквата е одлична за помош при хидратација, бидејќи една порција варена или испасирана тиква содржи дури 230мл вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag