
Постојат многу природни маски за одржување на здравјето на косата, но добродојдена е секоја нова во секое време. Едноставно, затоа што… не знаеме што ќе ни остане во кујната, а ете, баш сега е моментот да ѝ се посветиме!
Маска од јајце, мед и маслиново масло за растење на косата:
- 1 белка од јајце
- 2 чајни лажички мед
- малку маслиново масло
Се мешаат состојките додека не се добие изедначена смеса и смесата се нанесува на косата. Се остава да отстои 30 минути. Се плакне полека со постудена вода.
Неколку основни совети:
- Секогаш кога на косата нанесуваме јајце, плакнењето не треба да биде со топла вода, туку со постудена. Тоа е затоа што јајцето на топло реагира со згрутчување, па ќе биде потешко да се измие од косата.
- Иако во денешната маска нема банана, не е лошо да се знае дека кога ја користиме за коса, најдобро е да се изблендира за да немаме проблем при миењето.