Најголемата кланица: Жртвувани повеќе илјади биволи

popara28 ноември, 20141min00
Gadhimai Mela
Хиндуистичките верници од денес почнуваат со жртвување на десетици илјади животни во Непал, во чест на божицата Гадхимаи, и покрај демонстрациите на невладините организации за заштита на животните.

Селото Баријапур, во близина на границата со Индија, ќе стане најголема кланица во светот за време на дводневниот ритуал на жртвување на големиот број на животни, од биволи до стаорци.


“Празник е, сите се воодушевени”, рекол свештеникот Мангал Чаундари, предводник на верската свеченост која на секои пет години се одржува кај храмот посветен на божицата Гадхимаи.

Жртвувани повеќе илјади биволи – “Ритуалите се одвиваа без инциденти цело утро, а дури сега почнавме со жртвувањето”, рекол Чаундари.

Верниците почнале со жртвување на биволи, кои во огромен број биле донесени на големото поле во селото. Подоцна ќе се премине на други животни.

Прославата започнала на полноќ под висок надзор на полицијата.

Строг надзор на полицијата – Распоредени биле околу 1.200 полицајци во селото и полето каде се одвива жртвувањето, за да може да се контролира насобраната толпа.

Во претходното издание во 2009-тата година, биле убиени околу 300.000 животни, со што оваа случка станала најголемото жртвување на животни во светот некогаш организирано на едно место.

Заштитниците на животните ги обвинуваат властите на храмот дека “извлекуваат корист од верувањата на луѓето”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag