Уапсен просјак: На полицајците не им се верувало што имал во џебовите

28 ноември, 20140
3
64-годишен маж, некогашен уличен продавач, вчера го запрела Иранската полициска патрола, во акцијата за отстранување на просјаци од улица и се шокирале од она што го пронашле кај него.

Иранската полиција уапсила просјак кој во џебовите имал милиони ријали (илјадници долари) и многу повеќе на две банкарски сметки, пренесуваат тамошните агенции.


Неидентификуваниот 64-годишен маж, некогашен уличен продавач, полициската патрола го запрела вчера во Букан, во акцијата за отстранување на просјаци од улиците на овој северозападен град, пренесува иранската агенција IRNA.

Кога го претресле пронашле 110 милиони ријали (3.370 долари) во неговите џебови. Понатамошната истрага покажала дека човекот имал и две банкарски сметки со по 47.550 долари на нив.


Деталите за тоа како ово маж дошол до толку пари не се познати, а парите му биле конфискувани и ќе бидат искористени за финансирање на локалниот центар за социјална помош.

Минатиот месец, претседателот Хасан Рухани ѝ наложил на полицијата да ги тргне просјаците од улиците и да ги идентификува криминалните мрежи кои управуваат со нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *