
Хенри Тандеј е најодликуван Британец од Првата светска војна кој имал ретка прилика да ја спречи Втората светска војна. Сепак поради војничка солидарност не пукал, иако го имал Хитлер на нишан, а шансите да го усмрти, биле 100%.
Мислата дека можел да ја спречи Втората светска војна и да го спаси светот од најголемиот злосторник што некогаш постоел со години го измачувала. Хенри Тандеј умрел во 1977 на 86 годишна возраст. Наместо да умре како херој и еден од најзаслужните британски војници од Првата светска војна, умрел како човек кој можел да го убие Хитлер и да го спаси светот од геноцид, а не го сторил тоа.
По повод овој настан самиот Хитлер изјавил на времето: “Само Господ ме спаси, тие англичани пукаа толку прецизно. Овој човек можеше да ме убие. Беше толку блиску што мислев дека повеќе нема да ја видам Германија. Ве молам да му ја пренесете мојата огромна благодарност што ми го поштеди животот“, а кога Тандеј го слушнал говорот на премиерот сватил дека после најхрабрата битка во својот живот, го поштедил најголемиот монструм во историјата. Настанот бил овековечен и на фотографија. Сликата била објавена во модиумите, а така Тандеј го препознал своето лице и лицето на Хитлер.
