Најпривлечните и најодбивните особини кај хороскопските знаци

11 октомври, 20140
2

Секој хороскопски знак има темна и светла страна и некаде измеѓу доаѓаат до израз неговите неверојатно симпатични и тотално иритирачки особини. Кои хороскопски знаци прават драма кога не им оди сè според планот, а кои се опседнати со гушкање и нежности? Прочитајте ги најпозитивните и најнегативните особини на секој знак, кои ќе ве разнежат и изнервираат.

ovenОвен

Привлечна: Една од најпосакуваните особини на овните е нивниот љубопитен,  детски и ентузијастичен поглед кон сите работи во животот.

Одбивна: Овенот премногу се возбудува за сè нешто, па затоа честопати има тенденција да ги претвора малите конфликти во големи кавги.

Taurus zodiac sign as a beautiful girlБик

Привлечна: Милите бикови ги облеваат луѓето коишто ги сакаат со различни постапки, кои ја изразуваат нивната љубов и дарежливост.

Одбивна: Кога се чувствуваат малку лошо или болежливо, биковите ќе ги откажат сите планови, ќе го изгасат телефонот, ќе се јават на работа дека не доаѓаат и ќе се однесуваат како да е крај на светот.

bliznaciБлизнаци

Привлечна: Близнаците секогаш вербално ги изразуваат нивните чувства. Доколку ве сакаат, вие постојано ќе слушате за тоа и ќе се чувствувате како да имате огромен обожавател.

Одбивна: Близнаците имаат тенденција да се однесуваат како да знаат премногу на темата на којашто зборувате, дури и кога реално немаат поим.

Cancer zodiac sign as a beautiful girlРак

Привлечна: Ракот постојано сака да го поминува времето со луѓето што ги сака, особено со членовите на семејството. Како некое лојално кученце, ракот ќе ве следи низ куќата, молејќи ве за поминување квалитетно време со вас, во нежности и гушкање.

Одбивна: Треба да сте среќни доколку помине еден ден, без да излезат на површина проблемите околу несигурноста на ракот. Нему му е потребна постојана утеха и поддршка.

lavЛав

Привлечна: Секој лав поседува енергична, весела и позитивна енергија која не може никој да ја придуши. Напротив неговиот весел дух е тотално заразен.

Одбивна: Лавовите се најголемите плачковци. Доколку работите не се одвиваат според нивните планови, доколку не се чувствуваат ценето или ако се чувствуваат барем малку уморно, нема да престанат да зборуваат за тоа.

Virgo zodiac sign as a beautiful girlДевица

Привлечна: доколку сте блиски со девица, тогаш знаете дека една од нејзините најслатки особини, е тоа што таа секогаш ги формира своите ставови врз основа на различни мислења, увиди и интуиција.

Одбивнa: Девицата е непрекинато загрижена за сè и прави малите нешта да изгледаат премногу комплицирано.

vagaВага

Привлечна: Вагата толку многу ги цени луѓето околу неа, што ќе направи сè за тие да уживаат во моментот, да им е комотно и да бидат спокојни.

Одбивна: Вагите секогаш ќе ви го кажат она што сакате да го чуете и постојано ќе ги користат нивните манипулативни вештини, за да го добијат она што го сакаат.

skorpijaСкорпија

Привлечна: Доколку на некоја нивна сакана личност некој ѝ згреши нешто, скорпијата ќе направи сѐ, ама буквално сѐ, за да ги врати работите на свое место.

Одбивна: Стануваат напнати и премногу сериозни за ситници, правејќи ги малите одлуки во животот, како да станува збор за живот или смрт.

strelecСтрелец

Привлечна: Стрелците имаат вроден оптимистички поглед, кој им овозможува да го гледаат светот како место полно со надеж и оптимизам.

Одбивна: Тие се големи перфекционисти и сакаат да ги контролираат работите. Доколку не ги правите работите по нивно, тогаш ги правите погрешно.

jarecЈарец

Привлечна: Јарците зрачат со топлина и се многу грижливи луѓе. Кога ќе бидете во нивна близина секогаш ќе чувствувате поддршка и грижа.

Одбивна: Доколку немате конкретен план по кој треба да се придржувате, јарецот знае да не издржи и да збесне.

vodolijaВодолија

Привлечна: Водолијата е секогаш спремна да ви помогне, без разлика на она што моментално се случува во нивниот живот.

Одбивна: Водолиите веруваат дека тие секогаш ја имаат логичната перспектива на работите и не знаат кога да замолчат и да послушаат туѓ совет.

ribiРиби

Привлечна: Рибите по природа се нежни, отворени и ранливи личности, поради што може да бидат отфрлени од општеството полно со лицемери, но тие не можат против тоа, а тоа е слатко.

Одбивнa: Често ги фаќа мрза, па неретко им е потребно трипати повеќе време за разлика од друг човек, за да завршат некоја работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi