Најубавите места на светот

popara22 февруари, 20143min00
13

1. Зелениот летечки гејзер, Невада

 

 

невада

 

 

На околу 160 километри северно од Рено, Невада, се наоѓа малото гратче Герлах. На 30 километри северно се наоѓа „Летечкиот“ ранч, домот на еден од најуникатните гејзери во светот.

 

Најневеројатно кај овој гејзер се неговите бои, кои се предизвикани од термофилните алги. Водата која излегува од него остава калциум карбонат кој акумулирал во текот на годините и создал огромен гејзер. Термофилните алги создаваат неверојатни бои кои на гејзерот му даваат бесценет изглед.

 

невада 2

 

2. Замокот од мраз во Силверторн, Колорадо

 

мраз

 

Замокот од мраз во Силверторн се формации од мраз направени од Брент Кристенсен. Неговата фасцинација од мразот започнала со лизгалиштата од мраз кои ги правел за неговите деца. Една работа водела до другата, па така започнал да гради замок од мраз во неговиот двор што станал вистинска атракција.

 

мраз 2


3. Терме ди Сатурниа, Тоскана, Италија

 

италија

 

 

Овој водопад е најпознат во Тоскана, затоа што неговите води се сулфурно-јаглеродни-сулфат-бикарбонат алкални. Мирисот е доста силен поради сулфурот.

 

италија

 

 

4. Замокот Нојшванштајн, Германија

 

герм

 

Замокот Нојшванштајн е палата од 19 век која се наоѓа на ридот над селото Хоеншвангау југозападно од Баварија. Палатата се има појавено во неколку филмови и претставува инспирација за замокот на заспаната убавица во Дизниленд.

 

герм 2

 

5. Шумата од бамбуси во Кјото, Јапонија

 

бамбус

 

Сагано шумата од бамбуси е едно од најубавите национални богатства на Јапонија. Се наоѓа на половина час од античкиот град Кјото и покрива површина од 15 километри квадратни. Ова е една од најубавите природни средини во целата Јапонија, не само поради тоа што е создадена од природата, туку и поради звукот на ветерот кој поминува низ бамбусите.

 

2

 

6. Свиок во форма на потковица (Хорсшу бенд), Аризона

 

arizona

 

Хорсшу бенд е името на еден извор на Колорадо реката лоциран близу градот Пејџ, Аризона. За време на летните месеци времето во оваа област е навистина жешко, па доколку се одлучите да го посетите ова место обезбедете си голема количина на вода и добри патики за пешачење.

 

аризона


7. Плажата Бек, Соренто, Австралија

 

1

 

 

Соренто е гратче во Викторија, Австралија, лоциран на бреговите на Морнингтон полуостровот, околу еден и пол час јужно од Мелбурн.

 

австралија 2

 

 

8. Гејзерот Строккур, Исланд

 

исланд

 

Овој гејзер е во вид на фонтана којшто се наоѓа на геотермалната област покрај Хвита реката во Исланд во југозападниот дел на земјата. Строккур претставува еден од најпознатите гејзери на Исланд, кој еруптира на секои 4 до 8 минути, а водата достигнува од 15 до 20 метри височина.

 

исланд

 

9. Алгарабо, Чиле

 

чиле

 

 

Овој најголем базен на светот можете да го најдете и во Гинисовата книга на рекорди. Долг е 1.013 метри, и покрива област од 8 хектари, а содржи 250.000 кубни метри вода.

 

чиле

 

10. Глечерот Сојер, Аљаска

 

аљаска

 

Поглед во кој нема да верувате дури и да присуствувате на самото место кога се крши мразот на ова место во Аљаска. Место кое навистина може да го подобри вашиот туристички ден.

 

аљаска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *