Наоми Кемпбел во петокот цела ноќ славела со модната елита на забавата за 40-тиот роденден на дизајнерот Рикардо Тицијан.
Но следниот ден изгледала блескаво, додека уживала во сончевите зраци на одборот на јахтата на дизајнерот Роберто Кавали закотвени крај бреговите на Ибица, Шпанија, пишува весникот “Дејли мејл”.
Манекенката на себе носела цветен костим за капење и бело кратко здолниште и разговарала со неколку пријатели на палубата на луксузната јахта.
Наоми и Роберто Кавали се блиски пријатели и често ги краси модните писти со неговите креации. Во февруари 2012 година таа ги затвори шоуто во рамките на Неделата на модата во Милано. Но од самиот 73-годишен дизајнер немало ни трага, додека манекенката се шетала благодатно на неговата јахтата, фаќајќи ги последните зраци од денот пред да се врати во Лондон.
Во петокот вечер Кембел била почесна гостинка на роденденската забава на креативниот директор на модната куќа Живанши Рикардо Тицијан, каде уживала во друштво на друга видна убавица Кејт Мос, риалити ѕвездата Ким Кардашијан, раперот Пи Диди, миленикот на тинејџерките Џастин Бибер и световната лавица Парис Хилтон.