Наполитанка топчиња

27 октомври, 20140
7

Состојки
• 200 г чоколадни наполитанки
• 150 г лешници (печени и несолени)
• 150 г чоколаден крем (нутела и сл.)
• 100 г чоколадо за готвење (за глазура)
• 2-3 лажици масло за готвење (за глазура)
Подготовка
1. 1.Во толчник, истолчете ги лешниците на полу- крупни парчиња. Доколку користите блендер, внимавајте да не ги измелете до крај.
2. 2.На иста начин смелете ги и чоколадните наполитанки.
3. 3.Во длабок сад, измешајте ги лешниците и наполитанките и додадете чоколаден крем. Смесата измешајте ја и оставете ја во фрижидер да се стегне.
4. 4.Со лажица вадете од смесата и правете топчиња.
5. 5.Чоколадото растопете го на пареа заедно со неколку лажици масло за готвење. Секое топче потопете го во растопеното чоколадо а потоа оставете врз мрсна хартија да се исуши.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *