Направа која ќе спасува животи!

popara5 март, 20141min00
video-undefined-1C00044700000578-368_636x358

Научниците од Универзитетот Илиноис со помош на колегите од Универзитетот во Вашингтон создадоа најверојатен изум која во иднина би можел да спасува многу човечки животи. Станува збор за револуционерна електронска мембрана или ракавица како што ја нарекуваат, а ова ново откритие би можело да ги замени досегашните пејсмејкери.

Мембраната се навлекува на срцето на пациентот, а мрежата на сензори и електроди, постојано ја следи неговата работата и дава мали електрошокови за да ја одржи здравата активност на овој важен орган во телото.

Со користењето на 3Д принтер е создаден прототипот кој е тестиран на зајачко срце, а органот продолжил совршено да работи, дури и по вадењето од телото на животното.

„Штом детектира потенцијално фатални настани како аритмија или срцев удар, ја активира соодветната терапија” – изјавил инженерот Игор Ефимов од Универзитетот Вашингтон кој помогнал во дизајнот на уредот.

Важно е да се спомне и дека слични решенија постојат од раните 80-ти години, но досега не можеше совршено да се прилагодат на срцето на пациентите. Сепак тој проблем е елиминиран благодарение на новата технологија.

Џон Роџерс, научникот од Универзитетот Илиноис „навлаката” ја споредил со мембраната на срцето, објаснувајќи дека ваквите решенија во иднина можат да спасуваат илјадници животи.

httpv://www.youtube.com/watch?v=Mgqsd_GNivs#t=0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *