Компирите измијте ги, олупете ги или не, исечкајте ги на тенки тркала. Дебелината одредете ја самите, онака како ви е највкусно. На тањир истурете малку масло, наредете ги компирите, посолете по желба. Печете околу 10 минути на најсилна температура.
Експериментирајте со зачини, вашиот чипс може да биде лут на пример, како и со подебели парчиња и различни форми…