
Наместо да купувате разни комерцијални и често токсични продукти, можеме да направиме крем со фактор, кој ја штити кожата од УВ зраците.
Путер за убав тен
100 мл кокосово масло, екстра вирџин – има фактор за заштита од УВ зраците, мисира фантастично и се топи на сонце.
30 гр путер од какао – со негова помош ќе добиете чоколадна боја.
20 мл масло од сусам – за заштита од слободните радикали.
Шишенце од 150 мл.
Во тенџере со топла вода (околу 60 степени) ставете стаклен сад, во кој ќе ги стопите путерот од какао и кокос. Кога ќе станат течни додадете го и маслото од сусам. Измешајте добро и префрлете ја смесата во чисто и суво шише.
