
Циклусот на екстремно ниски температури и бури е само почеток на долгорочен период кој започнува со намалување на сончевата енергија по природен пат. Оттука човечкиот фактор со помош на Chemtrails го намали интензитетот на сончеви периоди со цел намалување на глобалното загревање и со тоа доаѓа до предизвикување на „Мала ледена доба“?

Според зборовите на научникот и климатолог на НАСА Џон Кејси, рекордниот снег и студ во Њујорк и САД се само почеток на триесетгодишниот циклус на екстремни студови кои ќе продолжат поради намалувањето на сончевата енергија која се емитира кон Земјата (според научниците, геоинженерингот и chemtrails запрашувањето се причината за намалувањето на сончевата енергија, и намаленото глобално затоплување)
Ако Кејси е во право, не само што огромен број на луѓе ќе смрзнат и ќе изгладнат, туку се очекуваат и супер земјотреси, но и можни вулкански ерупции во некои делови од планетата.

Ледената и рана зима го зафати речиси целиот континент на САД, а Кејси мисли дека овој временски период ќе трае со децении.
Овој поранешен инженер и консултант во НАСА ја има објавено својата провокативна книга под името „Мрачна зима: Како сонцето ќе фрли студ кој ќе трае 30 години“ во која се предупредува на радикални промени во глобалната клима.

Земјата се лади вели тој и тоа со голема брзина. Ако светските лидери не реагираат многу брзо нè очекуваат мрачни и студени денови
„Ако го погледнете глобалниот температурен дијаграм во последните 100 години наназад, ќе видите дека доаѓа остар пад кој настана по 2007-та година. Тој е најостриот пад на глобалната температура во последните 100 години.



