Дали знаете дека р’бетот се состои од 33 пршлени и коскeни елементи кои се одвоени со меѓурбетни дискови. Стареењето, артритисот и многу други фактори може да доведе до дегенерација на дисковите. Но единствено вие може да превземете нешто за да ги забавите овиe проблеми.
- Редовно вежбање
Редовното вежбање е темел на здрав р’бет. Вежбањето ќе ги зајакне зглобовите и мускулите кои се неопходни за одржување на природна позиција на р’бетот. Доволно е дневно да вежбате околу 30 минути. Но не започнувајте со вежбите без претходна консултација со лекар, кој ке ви даде важни информации за содветните вежби кои ви се потребни токму на вас.
- Одржување на здрава тежина
Премногу килограми создаваат дополнителен притисок врз коските и зглобовите. На тој начин може да дојде до проблеми со дисковите и до натамошна дегенерација. Во никој случај да не се претерува со губењето на тежината, најмногу пола килограм неделно. Секогаш комбинирајте здрава исхрана и вежбање.
- Следете ги упатствата од лекарот
Земајте лекови само кои ви се препишани за остеоартритис или некоја друга состојба која влијае за здравјето на вашиот р’бет. Ако успеете во лечењето во овие услови тоа ќе даде позитивен ефект врз дисковите.
- Не го игнорирајте проблемот
Ако постои физичка повреда, внимателно и темелно следете ги упатствата од лекарот. Ако го игнорирате проблемот ќе имате нови и болни проблеми.
- Побарајте физиотарапевт
Физиотарапевтот ќе ви покаже кој вежби вас ви одговараат. Тоа ќе ја поправи вашата сила, флексибилност, како и ќе придонесе за намалување на ризикот од повреда. Ако сакате да извлечете максимална корист, вежбајте и дома, не само со физиотарапевт.
- Поправете го вашето држење на телото
Ако правилно го држите телото, притисокот во дисковите ќе се намали. Не знаете која е правилната положба? Вовлечете го стомакот и р’бетот сам ќе се исправи.