Не брзала со мајчинството: Родила близнаци на 57 години

popara14 февруари, 20141min00
1

Алета Сент Џејмс во 2004 година на 57 години родила близнаци. Со мајчинството не брзала, а сега во седмата деценија ужива со ќерката и синот.

Кога пред 10 години ги родила блзинаците, Франческа и Џијан, Алета била најстарата мајка во САД.

-Баба ми ја родила мојата мајка на 54 години. Мојата мајка била 13то дете во семејството, во големо италијанско семејство. Затоа не се брзав – изјавила оваа жена.

Пријателите на Алета Џејмс постојано ја потсетувале за можноста дека може да задоцни со мајчинството. Меѓутоа, таа не се сомневала дека тоа еден ден ќе се оствари.

-Кога наполнив 49 години, си помислив: “Подобро е сето ова да го сфатам сериозно”. Не сакав да останам без деца, а отсекогаш мечтаев за тоа да станам мајка – додава Алета.

Нејзиниот пат до мајчинството бил несекојдневен. Патувањата отсекогаш биле составен дел од нејзиниот живот, и токму тие послужиле во нејзината желба.

-Одев на врвот на Мачу Пикчу и таму медитирав, три часа пред полноќ, во ноќта на полна месечина и помислив:”Сакам деца”. Наскоро тргнав и на тоа патување – раскажува Алета.

За време на бременоста таа била многу активна и тие девет месеци поминале без никакви проблеми. Цело време знаела дека раѓањето надецата ќе биде неверојатен настан.