Не избрзувај да одговориш ако не си сигурен во она што го мислиш…

popara19 мај, 20141min00
13

Совети што секогаш треба да ги имате на ум:

1. Не избрзувај да одговориш ако не си сигурен во она што го мислиш… Никогаш!

2. Има еден израз: „Продолжи напред без оглед на сè!”. Обидете се, помага.

3. Ви дошла  идеја? Запишете ја.

4. Доцните? Најдете начин да ги известите оној кој ве чека.

5. Не се потсмевајте на туѓите соништа.

6. Не се враќајте кон луѓе кои ве предале. Тие не се менуваат.

7. Поминувајте  повеќе време со своите родители – моментот кога нив нема да ги има секогаш настапува неочекувано.

8. Учтивоста покорува градови. Користете ја почесто.

9. Научете да ги признавате грешките.

10. Откажете се од навиката да се жалите. Никој не е заинтересиран за решавање на туѓите проблеми, ако не е моќен.

11. Не се откажувајте од целта без да се обидете, макар и неколку пати…

12. Во нејасни ситуации, секогаш легнете да спиете. Не заборавајте го  изразот: “И ова ќе помине!”.

13. Како што минува времето, минува и срамот, но зборовите остануваат.

14. Кажувајте ја  вистината.

15. На почетокот на денот направете го  најтешко и непријатно нешто. Останатиот дел од денот нема да ве малтретираат непотребни мисли.

16. Заборавете го зборот „должен”. Исфрлете го од  вашиот вокабулар. Во спротивно ќе влезете во долгови, не само материјални, туку  и морални.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *