Роберт Фостер со години глумел дека е среќен буцко, но еден ден одлучил дека повеќе не сака да се преправа дека дебелината не му пречи.
Во најдебелата фаза имал 150 килограми, и носел маици на кои пишувало “Ја победив анорексијата“. За сите други бил човек неоптеретен со тежината, но приватно сам себе си си замерувал што е дебел и сакал да биде слаб. Бил гневен бидејќи немал сила своите 4 ќерки да ги однесе во парк и да си игра со нив како останатите татковци.
И неговата жена Џесика имала проблеми со килограмите. Имала 130 кг и признава дека се чувствувала како невидлива бидејќи луѓето ја игнорирале поради изгледот.
Во 2012 имале емотивен разговор. Џесика требало да го прослави 30-от роденден и не сакала повеќе да биде дебела.
Џесика почнала да оди на зумба, и за неколку седмици изгубила 10 кг, и најпосле добила мотивација за понатамаошна работа врз својот физички изглед. Роберт започнал со тенис и повеќе не барал репете. Почнале заедно да пливаат, да планинарат и да трчаат.
Трудот се исплатил и денес двајцата имаат по 75 кг. Го смениле начинот на исхрана, не јадат повеќе брза храна, јадат многу овошје и зеленчук, риба. Велат дека се чувствуваат посреќни и поздрави.