Не сум како неа!

popara4 февруари, 201418min00
7

Не сум како неа. Ги немам нејзините очи, но што ќе ми се очи полни со злоба? Ги немам нејзините усни…

Во моите нема отров! Ни пак нејзиниот речник…мојот е богат! Не се смеам како неа – јас се смеам од срце…

Не зборувам како неа – јас сум искрена и чесна…Го немам ни нејзиниот образ и не сум лесна. Не флертувам со зборови. Не сум достапна како неа за сите што ќе ми пријдат! И не бакнувам како неа – јас сум страсна!

Ја нарекуваш “убава“ – мене ме нарекуваше “прекрасна“.

Со носот во облаци е…јас бев весела и жива…И ја гледаш во деколтето…а мене ме гледаше во очи. Нервозен си и напнат, а со мене беше среќен! Со дланките и ја бришеш шминката од лицето…а мене ми ги бришеше солзите! Постојано е околу тебе…а јас ти дадов слобода!

Таа ме гледа лошо, со завист и омраза…јас ја гледам со сожалување и без никакви емоции!

Колку скапо ја плати неа, а мене ме купи само со два збора “Те сакам“.