
Многу парови со нетрпение го исчекуваат заедничкиот живот, а потоа кога до тоа конечно ќе дојде започнуваат несогласувањата, расправиите и тепачките…
Заедничкиот живот не е ни малку лесна мисија. Дури и оние парови кои се заедно, пред да се вселат во заедничкиот стан не им е лесно да се навикнат на сите ситници, што ги носи заедничкиот живот, поминувајќи ги своите денови еден поред друг.
Многу од навиките во овој момент треба да се променат, а своето слободно време двојките практично треба да го распоредат на еден поинаков начин. Сепак, тоа е тешко за многу луѓе, што доведува до раздор и неслога , за навистина неважни и глупави нешта. Се што ви треба е да се навикнете на вашиот партнер и да направите некој компромис за да уживате во заедничкиот.
Повторно, не си ја спуштил ВЦ даската?
Првиот камен на сопнување е ВЦ шолјата. Мажите обично не ја спуштаат, а на жените за тоа им се крева косата. Затоа, важно е да се постигне одреден компромис , особено кога подигнатата даска овозможува побрзо ширење на бактерии. Можете, на пример, да се договорите дека вие ќе го фрлате ѓубрето, ако тој почнува да ја спушта даската надолу. Тоа ќе уввиди дека вие не го напаѓате , а се отворени за преговори и подготвени да се обидете , ако истото го сака и тој.
На Чорапите не им е местото на подот
Валкана кошула на креветот, чорапите на подот и јакна во дневната соба … и листата може да продолжи засекогаш. Таков неред лесно предизвикува караница, но малиот договор може многу да помогне. Едноставно објаснете му дека во иднина ќе го перете само она што е во кошницата за алишта
Повторно оставено празно шише од млеко во фрижидер
Ви треба млеко за кафе, се отворате фрижидер, но шишето е празно – ова сценарио го доживуваат многу парови. Ако вашиот партнер постојано остава празни шишиња од млеко во фрижидер, реагирајте. Можеби за тоа тој дури и не е свесен, но тоа само му преминало во навика. За почеток можете на фрижидерот да ставите ливче хартија на кое ќе запишувате сè што треба да се купи.
Повторно, не си измил садови
Валканите садови често се извор на несогласување , особено ако едниот партнер постојано мие, а другиот тоа го избегнува. Тука помага распоред кој одредува кој е на ред да мие. Тоа ќе го спречи натамошниот конфликт, но не значи дека еден на друг не можат да си ускокнат кога е потребно.
Неговите родители доаѓаат без предупредување
Веднаш штом се вселите во пакет со партнерот се и неговите родители. Тешко е да се усогласите со вашата сакана личност, а камоли со свекрва . Ако неговите родители секогаш доаѓаат без предупредување или неделниот ручек е резервиран само за неговите – сето тоа може да се реши со едноставен разговор. Треба да се утврди она што може да се толерира , а што не.
Зошто не си се јавил?
Постојаното известување кога ќе се вратите дома и колку ќе останете долго на работа може да биде досадно за еднате страна, но не и за оние кои го чека ат дома. Ова често доведува до вознемиреност во односите и потребно е малку подолго време за да стане навика. Еднаш штом ситуацијата е обратна , кога мажот ќе ве чека да се вратите дома, тој ќе сфати зошто е целата нервоза.
Повеќе воопшто не излегуваме..
Со заедничкиот живот излегувањата се се поретки, а тоа е голем извор на конфликт. Партнерите се повеќе размислуваат за купувањето на потребнитенамирници, отколку на излегување, што е во една рака фрустрирачко. Но, тоа не значи дека треба да дозволиме романтиката да умре. Најдобро е да се договорите да излезете барем еден ден во неделата , посветете се на заедничкото излегување во дискотека или на романтична вечера за двајца.