Неверојатна приказна за “вечниот“ француски затвореник!

popara4 март, 20141min00
20

Денес 60 годишниот Фелипе има 13 казни, два пати побегнал од затвор, па зад решетки требало да остане до 2032 година, кога би имал 78 години. Но после долгогодишна кампања претседателот Холанд му одобрил амнестија во март 2013 година.

Прв пат бил затворен во 1975 година кога имал 19 години, поради тешка кражба. До 1977 бил осуден и за киднапирање при грабеж на банка за што добил доживотна затворска казна. Тврдел дека е невин па казната ја намалиле на 20 години.

Две бегства за 7 години

Пуштен е условно во 1990 година, се преселил во Корзика, но во 1992 година решил да се врати во Франција. Проблем било тоа што овој човек имал забрана за влез во Франција, па бил осуден повторно на 15 години затвор.

Во 1997 побегнал од затвор па повторно додал уште неколку кривични дела на својата биографија: вадење пари од украдени картици. Во 2004 после 5 години поминати во затвор повторно побегнал. Уапсен е во 2005 кога се сретнал со сопругата. Во меѓувреме извршил вооружен грабеж па добил уште 15 години затвор.

Бил означен како затвореник со висок ризик, па поголемиот дел од затворската казна ја поминал во самица.

Кампањата за неговото ослободување започнала во Франција, а на негова страна застанале интелектуалци и бројни ѕвезди. Да чуваш некого 54 години зад решетки, за да го казниш, значи да го уништиш и убиеш човекот во него – стоело во заедничкото писмо на кампањата.

Иако добил амнестија во 2013, судот дури сега дозволил ослободување. Добил работа во една компанија специјализирана за културни проекти и настани.