Николас Симонс (20) кој на први јануари исчезна во Њујорк, пронајден е во Вашингтон откако неговите родители виделе негова слика објавена во еден американски весник.
Симонс првиот ден од новата година излегол од семејната куќа и не се вратил, а неговите родители започнале со потрага.
Во весниците случајно виделе фотографија на бездомник завиткан во ќебе и го препознале својот син.
“Ник е жив но очигледно не е добар. Ќе го вратиме дома и таму ќе биде сигурен. Не можам да опишам како се чувствувам“, напишала неговата мајка на Фејсбук.
Неговата фотографија е само дел од статијата која содржи 126 фотографии, а е посветена на студеното време и тешката ситуација на бездомните лица. Навистина е неверојатна среќа редакцијата да ја објави токму неговата фотографија како насловна.
httpv://www.youtube.com/watch?v=uQ5oKPAnamg
